Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако цената на биткоинот падна под 8.000 долари, еден тинејџер кој се збогатил благодарение на популарната криптовалута воопшто не го загрижува тој податок.
Ерик Финман (19) на 18 години стана милионер, а тврди дека кој нема да успее да стане милионер во следните 10 години – сам ќе си биде виновен за тоа.
„Би било погрешна тактика да ги продадам после таков пад на цената, бидејќи верувам дека постои реална шанса вредноста повторно да порасне до ниво кое го видовме пред некое време“, вели тој за Business Insider.
Вложувањето во биткоини Ерик го започнал пред седум години, кога имал 12 години. 1.000 долари од неговата баба, кои му биле потребни за плаќање на факултет, ги вложил во криптовалутата.
Ерик не се интересирал за факултетот, па се обложил со родителите – ако не стане милионер до 18-та година, ќе оди да студира, ако стане милионер – да не мора да учи факултет. Благодарение на купувањето биткоини, тој успеа во својата намера, а училиштето го напушти на 15 години.
„Јас велам дека кој нема да стане милионер во следните десет години, сам си е крив за тоа“, вели Ерик. „Новите бизнис модели и иновации уште се во настанување и подем, има многу шанси за вложување. Тоа е некој нов вид на златна треска, или нов вид на Силиконска долина – навистина има многу прилики“, додава тој.
Ерик смета дека сега е вистинско време за купување. „Имам доста пријатели и фанови кои речиси се молеа за крах на берзата. Бараа корекции и крах, бидејќи сакаа да купат биткоини, но сметаа дека цената им е превисока“, објаснува Ерик.
„Овој пад на цената им дава шанса. И сега мора да имаат храброст и да се вклучат. Инаку ќе дојде момент кога ќе си речат камо да вложев после ресетирањето. Оттука, навистина мислам дека луѓето овој пад на цената треба да го искористат за купување“, заклучува.