Home Спорт Неверојатно: Херта нуди доживотни билети со тетоважа!

Неверојатно: Херта нуди доживотни билети со тетоважа!

Херта Берлин им предложи на своите фанови да си купат доживотен билет за домашните натпревари на германскиот тим.

Новиот вид билет може да биде тетовиран на рака на секој навивач. Херта ја направи оваа иницијатива, а навивачите преку видео треба да докажат зошто го заслужуваат тоа.

Секој навивач кој сака да има доживотен билет за Херта ќе може да избере дали да му биде тетовирано знамето на клубот во сино-бела боја.

Во тетоважата ќе биде напишано и неговото место на олимпискиот стадион, а секој фан ќе добива баркод за секоја сезона.

„Ниту еден друг клуб не влегува под кожата како нашиот“, се вели во соопштението на Херта.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…