Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Легендата на Барселона, Чави не го криеше разочарувањето од ароганцијата на неговиот поранешен соиграч, Нејмар.
Бразилецот си поигра со еден противнички фудбалер за време на натпреварот против Рен. Нејмар доби жолт картон за стартот над Амари Траоре, па потоа тргна да му подаде рака на противникот, но ја тргна во последен момент и иронично се насмеа.
Таквиот гест наиде на осуда од јавноста, а Чави јавно го критикуваше.
The grin at the end!
Neymar with a cheeky fake-out during PSG's victory over Rennes. ? pic.twitter.com/aod7WzNChB
— Goal (@goal) January 31, 2018
„Многу сум разочаран од Нејмар. Се надевам дека со тек на време тој ќе се научи да ги респектира противниците. Во Барселона не можевме да го научиме на тоа и можеби подобро што си замина. Со таквото однесување големите фудбалери се претвараат во непотребни“, смета Чави.