Де Вриј го „извиси“ Лацио – заминува како слободен агент


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Холандскиот репрезентатувец, Стефан де Вриј нема да потпише нов договор со Лацио и на крајот на сезоната ќе го напушти „Олимпико“ како слободен играч, информираат италијанските медиуми.

Неодмана медиумите на Апенините пренесоа дека двете страни нашле компромисно решение и дека Де Вриј ќе стави потпис на нов договор во кој ќе има откупна клаузула од 25 милиони евра.

Меѓутоа, дефанзивецот се предомислил и ја известил управата на Лацио дека нема да го продолжи договорот.

Тоа значи дека на лето Де Вриј ќе замине како слободен агент, а уште сега е слободен да потпише преддоговор со заинтересираните клубови.

Најсилен интерес за дефанзивецот покажуваат Јувентус и Интер, па останува да видиме дали Холанѓанецот ќе го избере Торино или Милано.