Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Реката Молчанка, која се наоѓа во областа на западен Сибир, преку ноќ доби крваво црвенабоја, а никој, вклучително и научниците, не ја знаат причината за оваа појава.
Додека локалното население се сомнева за оваа појава како за „библиски знак“, сепак, пореален е сомнежот дека некој вид на хемикалија ја предизвикала оваа „библиска појава“, поради што се стравува и за здравствената исправност на питката вода во блискиот град Тјумен.
„Водата ја промени бојата пред отприлика една недела, а нијансата варира помеѓу крваво црвена и црвено-портокалова“, вели Марија Парашенко од селото Новотармански.
Се претпоставува дека некој во реката има испуштено некој вид на хемикалија. Иако веднаш се пристапи кон анализа на водата, и после една недела експертите не успеаја да дознаат за што станува збор и да ја откријат причината за „крвавата“ вода.