Си впериле пиштол еден во друг: Мрачните приватни тајни на Тито и Јованка


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Јосип Броз Тито светот го памети како еден од најхаризматичните светски лидери и политичари, а за повозрасните генерации од бившите југословенски републики, неговата иконична појава најчесто е врежана во сеќавање со неговата доживотна сопатничка, сопругата Јованка Броз.

Највлијателните комунистички раководители на 22 јули 1985 година одлучиле да биде донесен закон за наследство со кој би се регулирал имотот на покојниот доживотен југословенски лидер Јосип Броз Тито.

Според транскриптите, како што објави „Блиц“, на седницата на Советот за заштита на уставниот поредок присуствувале Никола Љубичиќ, Стане Доланц, Милка Планинц, Добросав Ќулафиќ и Лазар Мојсов.

Тие на состанокот го споменуваат кешот на Тито од околу 800 милиони динари, неутврдена голема количина на девизи, како и автомобили, јахти, вили, пренесува А1Он.

Доланц изнел и бројни обвинувања против Јованка, тврдејќи дека никогаш не бил во спор со неа, туку дека имале еден сериозен разговор кога Тито, наводно, избегал од неа.

– Разговаравме по наредба на другарот Тито, во Белиот дворец, во присувство на Петар Стамболиќ, кога другарот Тито по папучи побегна бидејќи беше тешко болен. Тогаш не замоли да ѝ забраниме да доаѓа во Белиот дворец, иако веќе другиот ден се предомисли. Тоа не беше расправија, туку разговор, тврдел Доланц и додал дека според извештајот на лекарот, животот на Тито бил загрозен поради Јованка.

– Во Игало отидовме Петар Стамобиќ, Никола Љубичиќ, Џемал Биједиќ и јас. Другарот Тито не се ни осуди да се сретне со нас во вилата, туку на бродот „Галеб“ за да не не види Јованка. Таму ни раскажа што се случува. Тоа беше времето кога во тоалетот си впериле пиштоли еден на друг, тврдел Доланац и навел дека постои лекарско мислење според кое Јованка не е нормална.

Од записниците може да се види дека во тој момент во разговорот се вклучил и генералот Љубичиќ со тврдење дека три лекари потпишале оти Јованка е параноик.

Доланац потоа се осврнува на оставинската расправа која ја покренале Јованка и синовите на Броз, Жарко и Миша.

– Во готово има повеќе од 800 милиони динари (околу 2,7 милиони тогашни американски долари, односно 11,5 милиони денешни долари), плус девизи, а Јованка за себе бара повеќе од една третина, па меѓусебно се тужат. Јованка ги бара јахтите, шест автомобили итн. Каква трага остава на личноста на другарот Тито, тоа е прашање, навел Доланац.

Освен завршување на белата книга за Јованка, тој се залагал и за донесување на закон за наследството на имотот на Броз.

Доланац и Љубичиќ накратко полемизирале дали врз основа на белешките на извесен Цијан за неговите разговори со Јованка, може да се започне истрага против неа, бидејќи го критикувала раководството.

Потоа збор зема висок комунистички раководител Добросав Ќулафиќ и кажува дека од Јованка не може да се очекува ништо добро. Се наведува дека таа ја драматизира ситуацијата и се обидува да прикаже како Тито во последните години бил под контрола на Љубичиќ.

Тој додава дека е извесно дека Јованка пишува и оти тие ракописи може да ги изнесе до познати светски издавачи, како и дека има куфери во станот кои ги спакувала со сестра ѝ и дека треба да се провери нивната содржина.

Ќулафиќ потсетува дека и претходно се залагал Јованка целосно да се блокира, но дека е свесен оти тоа е тешко.

Тој наведува дека има многу љубопитни луѓе во земјата кои се интересираат за Јованка и дека медиумите објавиле нејзина фотографија и дека се почесто се објавуваат заеднички фотографии на Јованка и Броз.

Потоа се отвора полемика за тоа да се искористат услугите на извесен Баста кој се понудил да ги напише мемоарите на Јованка на нејзино барање, но по нивни иструкции.

Љубичиќ кажува дека доколку некои документи бидат извадени во јавност, ќе биде касно да се утврдува кој е крив идека треба да се контролира кој доаѓа кај Јованка и тие кои доаѓаат да бидат претресени.

Доланац на тоа кажува дека немаат законско право за тоа.

Ќулафиќ вели дека Јованка размислува да се обрати на странски влади и медиуми и да контактира со судии и адвокати во врска со постапката за наследување на авторските права.