Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Андреа Брачиќ од Мостар е во борба за титула најубава жена во Босна и Херцеговина. Таа ќе се натпреварува во најпрестижниот избор на убавици, а победникот од тој натпревар ќе ја претставува Босна на Филипини на изборот на Мис на Светот.
Андреа има 21 година и студира односи со јавност на филозофскиот факултет во Мостар.
Оваа убавица веќе има завидна кариера во светот на моделите и неодмна стана заштитно лице на словенската „Лиска“.
Многу и предвидуваат блескава кариера и во наредниот период оваа млада Мостарка ќе снима два едиторијали за познати светски модни списаниа, а исто така е во преговори со еден од најпрестижните светски брендови.
Андреа за својата совршена фигура најмногу заслужен го смета фитнесот и вели дека тоа е еден од најдобрите начини да се чувствува добро.