Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Битката за метрополата на Волга започнала во август 1942 година со нападот на Германија, со снажна поддршка од Луфтвафе, 6 армии и 4 елементи на оклопни единици.
А сето тоа продолжува со ноемвриската советска контраофанзива од која Германците беа стегнати во обрач, а резултираше со нивно предавање на 2 февруари. Последните денови се поклопуваат со најважниот љубилеј на Третиот рајх, и целата приказна добива моќна симболика.
Сталинградската битка како пресврт
Сталинградската битка денес се смета за вистински пресврт во Втора светска војна, кој на територија на Советскиот Сојуз стигна со почетокот на Операцијата Барбарос 22 јуни 1941 година.
Она што во летото 1942 година започна како офанзива, чија главна цел беше заземањето на нафтените полиња.Но, набрзо се претвори во борба за живот или смрт, поради пропагандата. Сталинград поради фактот дека го носи името на водачот на СССР – Јосиф Сталин, бил важна цел за Германците, но и за Русите.
Оваа кланица по згради, куќи, улици и квартови на денешен Волгоград, беше борба за секоја „педа асфалт“. И се смета за една од најголемите битки во историјата. Во оваа битка учествувале 2,2 милони луѓе, а загинати или ранети имало помеѓу 1,5 – 2 милиони луѓе.
Започнала така што во 1942 година Германија започна напад на Сталинград. Но, Советите пружаа отпор, па така Вермахт и Црвената армија скоро да започнаа борба гради во гради, од куќа до куќа, и двете страни непрестано добиваа засилување на бојното поле. До средината на ноември Германците успеале, со големи напори и огромни губитоци да ги притиснат Русите на другата страна на Волга.
Меѓутоа, на 19 ноември Црвената армија под водство на легендарниот Ѓорѓија Жуков, ја започнува Операција Уран. Нападот бил со две крила со цел опколување на германските трупи во градот. Мудро смислениот и брилијантно изведениот план предвидел напад на слабите романски и австриски трупи во градот. А тие ги чувале крилата на германската 6 – та армија. Која за брзо се нашла вклештена и отсечена од светот.
Крај на најмоќната германска формација
Така започна нивната двомесечна агонија во обрач, по што им наредил Адолф Хитлер да не пробуваат да се пробијат, да останат на своите места и да се борат ако треба до последен човек. А предавање не доаѓало во обзир.
Наместо тоа Мермахт пробал, безуспешно, да го пробие обрачот од надвор. Но фронталната линија се поместувала, посебно после 16 декември кога Црвената армија за започнува Операција Мал Сатурн. Во овој напад извршен е удар на италијанските трупи на Дон, со намера да се ослободи Ростов.
За сето тоа време Луфтвафе по воздушен пат доставувал храна и муниција во обрачот. Се до моментот кога тоа било оневозможено. Советите наводно константно го намалувале овој германски џеб. Па така во јануари зазеле и два аеродроми кој ги користело германското воздухопловство.
На 30 јануари 1943 година додека Сталинграскта битка се ближеше кон крајот. А Германците славеле 10 годишнина од даѓањето на Хитлер на власт. Гебелс на радио прочитал говор во кој било речено: „Херојската борба на нашите војници на Волга треба да биде предупредување за сите да дадат се од себе во борбата на Германија за слобода и иднина на нашиот народ. А со тоа и ширење на смисла да опстанок на нашиот цел контитент“.
На крајот на 6-тата армија останала без храна и муниција, па останале смрзнати и изгладнети остатоци на некогашната моќна формација. Интересно е што непосредно пред тоа Хитлер го унапредил генералот Фридрих Паулс во чин фелдмаршал. Сметајќи дека поради тоа ќе се бори до самиот крај и потоа ќе изврши самоубиство. Поради тоа што до тогаш ниеден германски фелдмаршал не се предал или паднал жив во рацете на непријателот. Но, Хитлер се излажал, Паулс се предал на Црвената армија.