Албански затвореник ужива во британскиот затвор: „Имам се, ми недостигаат само проституки“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


29 годишниот Тристен Аслани, член на албанската банда, отслужува 42 години казна затвор во британскиот затвор поради дрога и оружје, а воопшто не му паѓа тешко.

На својот Инстаграм профил покрај фотографиите тој пишува дека во затворот ги има сите услови, а единствено што му недостига се проститутки.

„Дури и во затвор ги имам сите услови, ми недостигаат само ку**и“, напиша тој.

Аслани е затворен откако по една полициска потера со својот автомобил се забил во продавница. Во неговиот автомобил биле пронајдени 21 килограм кокаин и полуавтоматско оружје.

Портпарол на затворот изјави дека однесувањето на Аслани е недозволиво и додаде дека ги избришале содржините од социјалните мрежи.

„Тие кои ги прекршуваат затворските правила ги очекуваат строги казни, вклучувајќи и дополнително време зад решетки“, изјави тој додавајќи дека активно се обидуваат да спречат употреба на мобилни телефони во затворот и дека инвестирале околу 2 милиони фуни за блокирање на сигнал во затворите низ земјата.