Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мајк Меклаулин цели десет години ги миел садовите на рака после секој оброк бидејќи едноставно не ги збирало во машината за садови како и да ги наместел.
После цели десет години сфатил дека може да ја подесува фиоката и да ги собере, а својата среќа и фрустрација ги споделил на Твитер.
Неговиот пост го лајкувале повеќе од 84 000 луѓе, а многу од нив го имале истиот проблем.
Голем број на машини за садови имаат можност за подигање и спуштање на кошниците, зависно од тоа колку место ви е потребно.
„Пријателе, не си единствен“, „Јас не ги миев на рака, туку купив нов сет тањири“, „Не можам да верувам дека не сум го знаел ова“, се само неколку од коментарите кои ги доби.