Игнасио од „Касандра“ обвинет за силување на популарната латино дива


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Оние кои во ’90-те години растеа со првата кај нас емитувана шпанска сапуница, мегапопуларната „Касандра“, сигурно го паметат актерот кој го играше заводливиот и атрактивен главен машки лик во серијата Игнасио.

Тогаш популарниот Освалдо Риос денес има 57 години. Фраерот трипати досега го кажуваше „судбоносното ДА“, двапати со актерки и еднаш со новинарка. Тој го освои Балканот кон средината од последната деценија на 20-от век, кога се појави во серијата „Касандра“.

Главниот актер во серијата, Освалдо Риос остана запаметен како добар и лош, со оглед на тоа дека глумеше два лика во остварувањето – Игнасио и неговиот брат Луи Давид.

Она што остави дамка на неговата кариера е фактот дека беше обвинет за силување и тоа на познатата пејачка Шакира со која беше во врска.

„Тоа е смешно. Една од најголемите лаги кои се измислени. Самата Шакира изјавуваше дека кон неа сум се однесувал како принц, истакнува Риос“, но сепак шпекулациите се уште кружат во јавноста.