Погледнете го „најбезбедниот“ пламенофрлачот од Елон Маск


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Технолошкиот милијардер Елон Маск откри нов производ од својата Boring Company кој го нарече најбезбедниот фрлач на пламен на светот. Маск вели дека неговиот нов гаџет е одличен за убивање зомби или печење лешници.

Новата „играчка“ од Boring компанијата изгледа како пушка која „блуе“ оган. Новиот производ е објавен на нивната официјална страница со опис дека „гарантирано ја оживува секоја забава“. На многумина не им е јасно како луѓето треба да се забавуваат со пламенофрлачот, но Маск вели дека може да се користи за печење јаткасто овошје.

A post shared by Elon Musk (@elonmusk) on

„Кога ќе дојде зомби апокалипсата, ќе бидете среќни што се купиле пламенофрлач. Ефикасен против ордите немртви. Во спротивно ги враќаме парите“, напиша Маск на Твитер.

Компанијата пламенофрлачот го продава по цена од 500 долари, а може да се нарача на интернет. Интересно е тоа што од компанијата, заедно со пламенофрлачот, продаваат и апарат за гасење пожар по цена од 30 долари.

A post shared by Elon Musk (@elonmusk) on