За ова зборува цела Италија: Кутроне како Марадона (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Милан и Лацио синоќа одиграа одличен натпревар кој им припадна на „росонерите“ (2:1), а во центарот на вниманието е младиот напаѓач Патрик Кутроне.

19-годишниот Кутроне го постигна првиот гол за водство на Милан, но камерите подоцна забележаа дека голот го постигнал со рака.

После центаршутот на Чалканоглу Кутроне најдобро се снајде во петерецот, и успеа да го „надитри“ судијата кој не побара ни повторена снимка туку го призна голот.