Амнестираните затвореници од понеделник на слобода


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Законот за амнестија само што стапи на сила, а веќе од понеделник амнестираните затвореници ќе излезат на слабота. Пред тие да излезат, затворите треба да ги испратат досиејата на осудените лица до судовите кои им изрелке затворски казни.

Од Управата за извршување на санкции велат дека затворите во земјава ги подготвуваат предметите на затворениците, кои согласно законт треба да се ослободат. Во понеделник целокупната документација треба да биде доставена на рака до судовите.

Од Кривичниот суд велат дека се формирани повеќе кривични совети кои ќе одлучуваат по барањата за амнестија. До скопска единица веќе се пристигнати стотина предмети, поради што можно е судот да работи и за викендов. Од таму велат дека очекуваат околу 1.500 решенија.

Со Законот за амнестија кој се донесе на 15-ти месецов целосно ослободување од затвор ќе добијат околу 800 лица, додека намалување на казната за 30 проценти ќе опфати над 3 илјади осуденици.Законот не предвидува амнестија за сторителите на убиство, кривични дела за силување, избори и кривични дела против државата.