Вртечкиот леден диск во реката Лиао кој ги збуни Кинезите (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Диск од мраз со пречник од 8 метри кој прави бавни вртења на површината од течението на кинеската река Лиао, во Лиаонинг, и го збуни локалното население со својата појава, стана хит на социјалните мрежи.

Тоа што предизвика интерес е што дискот неприкинато се врти со константна брзина, дури и кога на него ќе застанат петнаесетина луѓе.

Многу од луѓето на социјалните мрежи шпекулираа зошто е тоа така. Сепак, за тоа си има научно објаснување кое го дадоа експертите упатени во таа област.

Ова не е прв пат тоа да се случува, а тим физичари од Универзитетот во Лијеж, врз основа на постар пример, објаснија дека феноменот се случува поради температурата на водата.

Како што расте температурата на водата, таа станува погуста. Мразот по краевите на дискот започнува да се топи, што создава вртлог кој почнува да го движи мразот над него. Наскоро мразот започнува да се движи и да формира кружен облик.

Вакви мистериозни ледени формации се појавуваат во неколку делови од Земјата.

Ледените дискови често се со помал пречник, па затоа и не привлекуваат големо внимание. Сепак, најголемиот досега забележан имал пречник од 17 метри.