Покетино: Подобро ќе работам во фарма, отколку во Барселона или Арсенал


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тренерот на Тотенхемм Маурицио Покетино ја инетерсен начин ја објасни својата лојалност кон клубовите кои се во неговото срце.

Аргентинецот изјави дека никогаш нема да работи во Арсенал и Барселона од почит кон Тотенхем и неговиот поранешен клуб Еспањол.

„Во фудбалот никогаш не знаете што ќе се случи, но едно е сигурно, никогаш нема да бидам во Барселона, Арсенал или пак Росарио Централ“, изјави Покетино.

„Ова е мојата одлука, попрво ќе се вратам да работам на мојата фарма во Аргентина отколку во некои клубови“, додаде Аргентинецот.

45-годишниот Аргентинец е дете на Њуелс Олд Бојс, долги години го носеше дресот на Еспањол, а од 2014 година го предводи Тотенхем.