Шок во Мадрид: На фудбалерот на Атлетико му се заканува затворска казна поради бизарна причина!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Како што наведува шпански „АС“, дефанзивецот на Атлетико Мадрид би можел да се соочи со затворска казна и тоа поради неговата венчавка со својата девојка.

Да, добро прочитавте. Шпанските медиуми пишуваат дека шпанските обвинители ќе побараат затворска казна за познатиот фудбалер Лукас Хернандез поради забраната за доближување на девојката со која се венчаше во јуни минатата година.

Хернандези неговата сопруга веќе добија забрана за приоаѓање еден на друг и по 31 час општо корисна работа, откако имаа расправија на почетокот на минатата година.

Судејќи според се, тие одлучиле да ја игнорираат одлуката на судот и повторно се венчаа во Лас Вегас само неколку месеци подоцна. Неодамна беа на меден месец на Бахамите, а по враќањето во Шпанија наводно биле приведени.

Како што се наведува, Хернандез целата ноќ ја поминал зад решетки, додека неговата сопруга е пуштена бидејќи никогаш не била службено известена за забраната.

Обвинителството наводно бара затворска казна од една година за дефанзивецот на Атлетико Мадрид кој во тој случај би останал без важен фудбалер пред продолжување на сезоната.

hernandez