ВИДЕО: Автобуси без возачи возат низ улиците на Стокхолм!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Станува збор за два автобуси кои превезуваат патници од шопинг центрите Криста до Викторија Тауер северно од Стокхолм.

Патуваат на однапред утврдена рута долга 1.5 километри со брзина од 20 км/ч и користат ГПС сензори кои гарантираат дека автобусите нема да забегаат од својот пат.

Овие автобуси се проект на компанијата Нобина во соработка со Ериксон и градот Стокхолм.

Автобусот без возач, на патот се појави во средата и се работи за возила без волан, а сепак може да се управуваат рачно.

Поради шведските закони во автобусите и понатаму се наоѓа возач, а тој се вклучува само за време на опасност.

Во автобусот има 12 места, а нивното користење е бесплатно.