Чудни думи: Еве за што размислуваат мажите за да не свршат прерано


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Прераната ејакулација е проблем со кој се борат многу мажи. Според некои податоци, проблемот со прераната ејакулација го имаат дури 31 насто од мажите и тие се принудени да го одложуваат оргазмот за да можат што повеќе да ја задоволат партнерката.

Екипата од австралискиот Vice ги анкетираше мажите кои имаат тактика што им помага за во сексот да издржат подолго од само неколку минутики.

Лукеј од Мелбурн вели дека размислува за бетон кога сексот ќе излезе од контрола. „Размислувањето за бетон е нешто што отсекогаш сум го правел. Кога ќе помислиш на нешто неутрално и несексуално, тоа обично помага. Така, јас секогаш мислам на бетон“, вели типот и додава дека, кога бетонот не му помага, мислите обично ги фокусира на пејзажи. Оргазмот му го одложуваат мисли за морето, за брегот и природата.

A post shared by TheCoupleGoals (@couplegoals) on

Мајкл нема такви проблеми со мислите, туку отворено кажува на својата партнерка да престане да мрда.

„Мојата моментална секс партнерка е мојата сопруга, така што ОК е. Кога станува збор за секс со сопругата или со долгогодишна партнерка, имаш блискост со неа, па комуникацијата е многу полесна“, вели 30-годишниот Мајкл и додава дека никогаш не размислувал за грди или асексуални нешта кога станува збор за одложување на оргазмот.

A post shared by TheCoupleGoals (@couplegoals) on

Vice тимот разговараше и со фризер кој вели дека е доволно да го промени ритамот во кревет или барем малку да забави. И тој смета дека неубавите мисли во кревет се непотребни, ако е во прашање партнерка во која има доверба.

Сепак, има и такви кои признаа дека за време на сексот размислуваат за грди работи, како на пример, дека девојката со која се сексаат во тој момент врши голема нужда и слични одбивни мисли.