Дали температурата во просторијата за вежбање влијае на тренингот?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На каква температура е најдобро да вежбате? Како и за сè друго, така и за ова – некој ќе ви рече едно, друг ќе ви рече друго.

Оттука, ќе има и такви кои ви тврдат дека најдобро е да вежбате во ладна просторија, додека други ќе тврдат дека е подобро во просторијата да биде загреано за што повеќе да се потите.

Но, вежбањето во загреана просторија на вашето тело може да му дојде многу потешко отколку тренингот во ладна просторија. Па, што е подобро?

Ние нема многу да ви мудруваме, туку ќе ви ги изнесеме резултатите од едно научно истражување посветено на оваа проблематика. Истото е направено на Универзитетот во Тексас, во кое се споредуваа физичките ефекти и изведби на јога вежбите во просторија загреана на 40 степени Целзиусови и оние во разладена просторија на нормални 22 Целзиусови.

Експериментот од истражувањето траеше дванаесет дена, а после тоа се валоризираше здравјето на испитаниците.

Резултатите покажаа дека и двете групи се снашле во условите во кои вежбале и во двата случаи испитаниците имале слични подобрувања во резултатите: подобар крвоток и подобро васкуларно здравје.

Со други зборови, според овие резултати, истражувачите не забележаа разлика во резултатите врз основа на влијанието на температурата во просторијата во која вежбате.

Но, сепак, најдобро и најважно е вие да се чувствувате удобно во просторијата за вежбање, а не да вежбате на температура која ви ја препорачуваат другите.