Епско бегање од Нацистите: Пловел 48.000 километри со кајак – А НЕ ЗНАЕЛ ДА ПЛИВА!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Веројатно не сте слушнале за Оскар Спек, но човекот е вистински херој од сенка на неговото време, не заради борба, туку заради подвиг.

Гледајќи како му пропаѓа бизнисот во Германија зафатена од нацизмот, во 1932 година со кајак и без пари тргнал по Дунав.

Седум години подоцна стигнал до австралискиот остров Сајбаја, каде што завршило неговото епско патување. На патот до таму преживеал се: бил застрелан и ограбен во Персискиот залив, правел журки во Индија, а племињата во Папуа Нова Гвинеја за малку не му ја отсекле главата.

Речиси целото тоа време тој го поминал во кајак, кој не бил дизајниран за отворено време, а поминувал и по 48 часа без сон додека се борел со брановите, монсуните и маларија.

Поминал повеќе од 48 илјади километри, што и до ден денес е најдолго патување со кајак. Спек сепак никогаш не планирал да соборува рекорди туку на пат тргнал за да избега од земјата која крварила поради воени долгови.

Во 1931. година Спек морал да отпушти 21 работник од својата електрична компанија бидејќи немало работа. Компасот го насочил кон Кипар, бидејќи верувал оти таму го чека работа во рудник за бакар. Со мал буџет и ограничени залихи на месо, чоколада, сирење и млеко, Спек по Дунав поминал и низ Југославија, а потоа се упатил кон Бугарија.

Преку Грција, влегол и во Турција, цело време борејќи се со стравот од превртување, бидејќи не знаел да плива. Во Кипар стигнал во 1933. година, но одма започнал со план за поминување преку Блискиот исток кон Индија.

Стигнал до Сирија, каде што морало да фати автобус, што е единственото патување на копно за време на целата авантура. Кајакот повторно го спуштил во вода во Еуфрат, кој го прател до Персискиот залив.

Кога пловел околу Индија, легендите за него веќе започнале да се шират поради што станал позната личност на Далечниот исток. Преку ден пловел, а навечер свирел во кафани на обалата, каде што се забавувал со британските офицери.

Новинарите го прателе неговиот пат, кој тогаш траел повеќе од 2 години. Но поради славата, тој во Индија бил уапсен под сомнение дека е шпион, но бил ослободен по два дена.

Кога пристигнал во Џакарта, локален нацистички офицер му понудил пари за патот до Австралија, а кога се довеслал до Сајбаја бил уапсен.

Прво мислеле дека е нацистички шпион, но по пронаоѓањето на неговиот дневник тие обвиненија паднале. Остаткот од војната го поминал во работни кампови, ослободен бил во 1946. година, осум месеци по предавањето на нацистите.

Потоа Спек се вработил во рудник северно од Сиднеј, каде што започнал и да живее и тргува со скапоцености. Во Германија се вратил само еднаш, во 1970. година, а починал во Австралија во 1995. година на 88 години.