Манекенката која ја продаваше невиноста за милион евра: „Никогаш повторно!“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Студентката и манекенка која се претставуваше како Никол, иако тоа не е нејзиното вистинско име, која го продаваше за милион евра својот „прв сексуален однос“, откако доби разно разни понуди за својата невиност, вели дека никогаш не планирала да оди до крај со тоа.

Минатата недела на страниците од агенцијата Elite Models VIP осамна оглас во кој Никол ја нуди својата невиност на маж кој ќе даде највисока понуда. Доби понуда од 890.000 фунти, но изгледа дека нема да испадне ништо ниту од исплатата, ниту од сексот.

Во разговор за LA 27 Ora, Италијанката Никол откри дека нејзините родители останале без зборови кога дознале што направила.

„Им се извинувам на сите, особено на мојата мајка и татко ми. Почна како провокација, ме интересираше дали некој е спремен да потроши пари на такво нешто. Сфатив дека станав насловна вест кога дојде понудата од милион евра и кога ми се јавија од агенцијата и ми рекоа да се слушнам со нивните економисти како можат тие пари да ми се исплатат. Се исплашив. Како што времето минуваше, стануваше сè пореално и не знаев како да се извлечам од сето тоа. Направив глупост од која се срамам и да можам да го вратам времето, би го направила тоа“, вели таа.

Призна дека нема никаква желба да студира, а целата приказна дека ја продава невиноста за да заработи за студирање ја измислила на предлог на агенцијата. Сета ситуација ја опишала како ноќна мора, бидејќи агенцијата ја наговара да ја продаде невиноста на оној со највисока понуда.

„Од агенцијата постојано ме бараат и ме прашуваат како да ме исплатат. Само сакам да престанат да зборуваат дека сум ја продала невиноста. Ми велеа дека сум егзибиционистка, но не се согласувам. Направив глупост поради која жалам и да можам се вратам назад, никогаш не би го направила ова повторно, а не го направив за да се фалам“, вели таа.

Моментално размислува да ангажира адвокат.