Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Руските инженерски единици го тестираа новото „оружје“ за руските војници – воена униформа отпорна на куршуми.
Вежбата беше прикажана на видеоснимка, а ја изведоа во руската област Владимир и на неа ги демонстрираа способностите од третата генерација на воените униформи OVR-3SH.
Опремата се состои од заштитно одело, елек отпорен на куршуми и шлем кој е дизајниран да ги штити припадниците на единицата од напад на проектили со специјални сензори и камери.
Градите и грбот од војниците кои ја носат оваа униформа се заштитени со специјални плочи направени од челик, јак полиетилен и керамика. Исто така, направени се специјални додатоци за рамена, лакти и колена.
Униформата е опремена со камера и вграден систем за ладење, а тежи 10 килограми.