Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонија – Чешка, ова е клучен меч за македонската ракометна репрезентација на Европското Првенство во ракомет. Со победа, Македонија во директен дуел со Данска во последното коло ќе одлучува околу патникот во полуфиналето. Со пораз, Македонија ќе остане без шанси за сензација. Чешка пак, веќе нема шанси за полуфинале, но сака што повисок пласман во конечната табела.
Шпанија мора да се заборави
Дебакл доживеа македонската ракометна репрезентација на минатиот дуел против Шпанија. 31:20 е резултат кој не смее да се случи на едно големо натпреварување, особено кога доаѓа по одлични игри и резултати во првата фаза од шампионатот. Тешко е да се каже од каде дојде поразот, поради што, зошто … но едно е јасно, поразот дојде во незгоден момент и ќе биде тешко по него да се вратиме во игра.
Ако игра Лазаров победуваме, ако не игра … тешко
Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров и минатата ноќ ја преспа во Загреб каде што се наоѓа после повредата на бутниот мускул на десната нога. После синоќешните прегледи ќе има и нови коишто се закажани за денес кога ќе мора да биде направена магнетна резонанца. Дури после овој преглед ќе биде познато дали Лазаров ќе се најде на теренот или не. Сите потајно се надеваат дека Лазаров ќе биде подготвен и ќе може да игра, но никој не смее да даде прогноза околу тоа какви ќе бидат резултатите од прегледите. Засега е јасно само дека Кире е во Загреб и дека очекува да добие позитивни вести.
Ракометарите се свежи
Добро е тоа што ракометарите, барем дел од оние стандардните се свежи. Манасков, Георгиевски и Стоилов одмараа цело второ полувреме. Раул во целост го одмори Миркуловски. Останати пак одмараа периодично. Токму тоа се чини е единствената позитивна работа пред овој важен меч со Чешка. Но од друга страна, ракометарите беа одморени и пред Шпанија кога имаа пауза од цели три дена па ни се случи дебакл. Според тоа, кога во прашање е Македонија, одморот може да значи многу, но и немора да значи ништо.
Раул нема да потфрли по втор пат
Раул потфрли со својата стратегија на мечот со Шпанија, а токму од него највеќе очекувавме н атој меч. Сепак, ова е прв негов кикс кога во прашање е стратегијата. Тоа нема да се повтори сега, барем нема два пати по ред. Раул веќе ја водеше Македонија до победа против Чешка. Во квалификациите пред само 7 месеци Македонија на домашен терен славеше со убедливи 33:20 во директниот дуел за првата позиција во квалификациската група. Македонија тогаш беше перфектна, а доолку одигра барем на слично ниво и сега, ќе има големи шанси за победа.
Чешка е пријатно изненадување на шампионатот
Чешка е едно од изненадувањата на Европското Првенство во Хрватска. Моментално, улогата на тренер ја имаат двајца, дуото Јан Филип и Даниел Кубеш кој се поранешни играчи во репрезентацијата. Чесите влегоа како тотални аутсајдери во групата Д, но пред нив прво падна Данска, а во решавачкиот меч и Унгарија. Единствениот пораз во групната фаза чесите го доживеаа од Шпанија која славеше со 32:15, што значи дека поминаа дури и полошо од Македонија против “Црвената фурија”. Чешка добо одигра и на првиот меч од втората фаза, сепак губејќи од Германијасо 22:19 во еден крајно израмнет и неизвесен дуел.
Целата игра на Чешка зависи од Здрахала
Целата игра на оваа селекција се сведува на еден ракометар – Здрахала. Овој играч има неверојатен шампионат. Сите знаат дека тој е најопасен во Чешка сите спремаат посебна одбрана за него, но попусто. Против Шпанија тој постигна само 3 гола, но Чешка даде само 15. На вториот меч против Данска, Здрахала имаше 8 погодоци. Против Унгарија, Здрахала имаше неверојатни 14 гола. Во втората фаза, против Германија тој постигна 4 гола. Доколку тој има добар ден, тогаш Чешка може да слави против било која селекција.
Целосната анализа прочитајте ја на сецијализираниот портал kladenje.mk