Вака изгледа првата продавница од Amazon без каси за наплаќање (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Уште еден доказ дека пазарењето во маркети и купувањето генерлано добива нова димензија е новиот супермаркет на „Amazon“ во кој нема каси за наплаќање и чекање ред за тоа.

Компанијата „Amazon“ отвори нов вид на супермаркет во кој што не постојат каси, а плаќањето се врши автоматски од вашиот електронски паричник по напуштањето на продавницата.

Кога клиентот ги зема производите од полицата тие се забележуваат од камерите, по што може слободно да се излезе од маркетот без никакво задржување. Трошоците автоматски ќе се забележат и наплатат од вашата сметка.

Ваквиот маркет, наречен „Amazon Go“ е отворен неодамна во Сиетл.

„Amazon“ го најави овој маркет како „паметна“ продавница, но потрошувачите сепак не гледаат некоја голема разлика во споредба со другите маркети.