Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според статистиката на Форбс, доаѓа до промена на првото место на листата со најплатени актерки во Холивуд.
Скарлет Јохансон стана најплатената глумица во Холивуд, благодарение на нејзината повторувачка улога како Црната вдовица од серијалот филмови за „Одмазниците“.
За прв пат во улогата на Црната вдовица, Јохансон се појави во „Ајрон мен 2“ во 2010 година, а оттогаш улогата ја повтори уште пет пати. Неодамна, таа потпиша и договор за самостоен филм за супер-хероината.
Сценариото за филмот е пред крај, а актерката е вклучена во развивањето на приказната за Наташа Романоф.
Филмот во кината би требало да се појави во 2020 година, а за улогата Јохансон ќе добие 25 милиони долари. Освен тоа, доколку филмот заработи 900 милиони долари, таа ќе добие бонус од уште шест милиони, што значи дека вкупната заработа ќе ѝ се искачи на 31 милион.
Скарлет на филмот ќе работи и како продуцентка, а благодарение на овој договор таа е најплатената глумица во Холивуд.
Сепак, тоа е помалку од заработката на нејзините машки колеги. Роберт Дауни Џуниор за улогата на Тони Старк, односно Ајрон Мен, доби 50 милиони долари, плус бонуси.
Според листата на Форбс за најплатени глумци и глумици, се гледа дека се уште постои голема разлика помеѓу женски и машките плати.
Минатата година најплатен актер беше Марк Валберг со 68 милиони долари, додека најплатена актерка беше Ема Стоун со 26 милиони.