Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ после елиминацијата на Австралија Опен во разговор со новинарите изјави дека можно е повторно да го чека долга пауза.
После поразот од Хјеон Чунг во четвртото коло од Австралија Опен, каде повторно почувствува болка во лактот, Ѓоковиќ истакна дека го чека нова одлука – дали да биде подложен на оперативен зафат.
„Операцијата не беше опција бидејќи бев уверуван од сите специјалисти дека тоа не е најдобра опција. Дали сега ќе морам да го направам тоа, не знам. Очигледно е дека се уште не сум ни блиску до стопостотно излекување на повредата. За жал при крајот на првиот сет почувствував малку поголема болка, дури и со антиинфламаторни лекови кои не ги сакам, но морам да ги пијам“, објасни Ѓоковиќ.
„Дефинитивно повторно морам да ги разгледам сите околности кои можат да бидат решение на долги стази за да не се најдам повторно во вакви ситуации. Ќе видиме, можеби е повторно долга пауза пред мене, не знам, морам да одам на испитувања и да видам што се случува“, додаде српскиот тенисер.