Следете ги овие 3 правила и ќе јадете повеќе, а притоа и ќе слабеете

јадете повеќе

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Се уште не сте се пронашле во ниедна популарна врста на здрава исхрана? Тогаш веројатно се борите да пронајдете најдобар баланс, без стрес и изгладнување.

„Подобра идеаја е, верувајте, да следите план кој нуди оброк кој помага во целокупната животна навика“, изјавува Алперт. Во продолжение следат 3 нејзини најдобри нутриционистички совети.

Протеини и влакна во секој оброк

Правило број еден во нејзиниот план е вклучување на протеините и влакната во секој оброк.

Зошто? Протеинот помага во забрзување на метаболизмот и заситува повеќе од другите намирници. А пак влакната го успоруваат абсорбирањето на шеќери во телото.

Доручек:
  • Омлет (протеини)
  • Спанаќ (влакна)
  • Сирење (протеини)
  • Овошје (влакна)
Ручек:
  • Пилешко (протеин)
  • Салата (влакна)
Вечера:
  • Риба (протеин)
  • Тиквички (влакна)

Редовни оброци

За здраво слабеење потребно е стабилност на материите во организмот. Со редовни оброци ќе ги регулирате шеќерите во крвта а со тоа и намалувањето на килажата е здраво и постепено. Запазете го односот 3 главни јадења и 2 ужинки.

Јадете масти

Мастите не ве дебелеат, напоменува Алперт. Вистина е дека мастите не држат подолго сити, а со додавање на здрави масти во исхраната може позитивно да влијаете на метаболизмот , и ќе го намалите ризикот од дијабетис тип 2.

Нормално, мора да се намали внесот на нездрави масти, а да се зголеми оној на здрави. Додавањето на семки или здрави врсти на масло во оброкот е одлично.