Кина има дефицит од 60 милиони жени: Невестите таму се плаќаат и по 100.000 долари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поради поголемиот број на мажи во однос на жените, во Кина, невестите достигнуваат астрономски цени, а општеството и економијата се принудени да се прилагодат на новонастанатата ситуација, пренесува The Economist во една своја скорешна анализа.

Кина е патрилокално општество, што значи дека невестите после мажачката се селат кај во домот од мажите, каде мора да се грижат за свекорот и свекрвата. Кинезите, исто така, повеќе ги ценат и „вреднуваат“ синовите од ќерките.

Меѓутоа, за разлика од земјите во кои се плаќа мираз, во Кина се плаќаат невестите. Од родителите на младоженецот се очекува да ја платат венчавката и на брачниот пар да му дадат пари и имот, а цените на невестите со текот на годините вртоглаво растеа.

Во Кина недостасуваат 60 милиони жени

Според изјавата на 50-годишниот Рен од селото Пи, кое се наоѓа во предградието на Пекинг, неговите родители за неговата сопруга платиле 800 јуани. Рен за сопругата на својот син пред 12 години платил десет пати повеќе, а за жената на својот помлад и неодамна оженет син морал да издвои дури 100.000 јуани (нешто над 15.500 долари).

Во светот, на секои 100 девојчиња се раѓаат 105 машки деца. Имајќи во предвид дека машката стапка на смртност е нешто поголема од женската, бројките обично се изедначуваат после пубертетот.

Меѓутоа, бившата кинеска политика од максимум едно дете во семејство го наруши природниот сооднос. Многу мајки, во желба да добијат син, ги абортираа женските фетуси, па така, во 2010 година, на секои 100 девојчиња во Кина, се раѓаа 119 машки. Демографијата проценува дека денес во Кина има дефицит од над 60 милиони жени.

Стари ергени на 25 години

Источнокинеската провинција Шандонг лежи помеѓу метрополите Пекинг и Шангај. Соодносот на девојчиња и момчиња во оваа провинција, на почетокот на оваа декада, изнесуваше 100:123. Тамошните девојки ги бие глас на невообичаено убави и високи девојки, па често во потрага за работа и љубов се селат во поголемите градови. Цените за невестите во таа провинција поради тоа, дури и за кинеските стандарди, се неразумно луди.

Цената за невести во селата Жонгденглоу и Шандонгу пред десет години се движеа од 2.000 до 3.000 јуани. Денес тие се движат помеѓу 200.000 и 300.000 јуани, а не е невообичаено за невеста да се искешираат и до 500.000 јуани (околу 80.000 долари).

Бројките се слични и во останатите села. Поради тоа, во Кина нема стари моми, бидејќи вдовиците со леснотија наоѓаат нови мажи. Од друга страна, мажите веќе после 25-та година се сметаат за стари ергени.

Оваа брачна криза во Кина најверојатно ќе потрае неколу децении, за со тек на време да се реши сама по себе. Кинеските семејства веќе се прилагодуваат на новонастанатата ситуација. Според американскиот антрополог Лихонг Ши, сè повеќе Кинези синовите почнуваат да ги сметаат за економски товар. Според статистиките од кинеската влада, соодносот на женски наспрема машки во 2015 година паднал на 100:114.