Хорор сцена: Позираа покрај езеро – еден детал на фотките им ја смрзна крвта


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На Reddit беа објавени две фотографии од моминска забава кои кренаа вистинска лавина од коментари и полемики за нивната содржина.

Двете фотки се направено во само неколку секунди временска разлика, но разликата помеѓу втората и првата е навистина бизрана и морбидна.

Приказната зад фотографиите оди вака. Група девојки решија да се забавуваат на брегот од езерото Лох Ек, па нормално, тие моменти не можеа да поминат без да бидат овековечени со фотки. На една од неколкуте во серија направени фотографии тие забележаа неканет гостин.

На една од фотките зад нив клечи мало, темнокосо момче, кое го нема на другите фотографии кои се правени во неколку секунди разлика. А што е уште позастрашувачки, го немало ниту во живо.

„Ова е фотографирано крај езеро во Шкотска. Околу нас немаше други луѓе, особено не мали деца“, напиша Reddit корисничката Marcuspsi1 која ги објави фотките.

Девојките добро се испреплашиле, но кога одлучиле малку да истражуваат за да дознаат за што се работи, нештата станале уште поморбидни.

Откриле дека во одморалиштето недалеку од езерото имало некое мало дете кое една ноќ, одејќи во сон, влегло во водите од езерото и се удавило. После ова сознание, им се скршила волјата за журка и сите брзо го напуштиле местото.

Според легендата која кружи таму, неговиот дух уште го нема напуштено местото и се вртка околу одморалиштето, па наводно вообичаено било таму да наоѓаат преместени работи и предмети во собите или мокри траги од стапалки на скалилата, пишува The Sun.

За ова момче, во 1994 година, снимен е и телевизискиот филм The Blue Boy.

Некои корисници на Reddit се убедени дека станува збор за Фотошоп интервенции, додека други се склони да веруваат дека девојките навистина го искусиле тоа.