Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Компанијата Боинг ги откри плановите за новиот хиперсоничен авион кој би бил наследник на легендарниот Блекбирд СР-71.
Моментално се работи само на концептот, а всушност треба да биде побрз пет пати повеќе од звукот.
Кевин Бовкут од Бинг истакнува дека е вистински предизвик да се создаде толку брз авион. Исто така појаснува дека работи на развојот во две фази.
Во првиот би направиле авион кој ќе биде голем како Ф-16, а потоа би направиле авион со два мотори сличен на СР-71.
Во развојот на овој авион, Боинг ќе ги користи искуствата од екперименталните авиони х-43 и х-51 Вејврајдер. Вториот модел имаше успешен пред пред пет години и леташе со брзина од 6247 км на час. Таа брзина ја имаше три и пол минути, а потоа остана без гориво и падна во Пацификот.
Нормалниот Боинг лета со брзина од 900 км на час.