Покрената постапка против Лино Червар!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Европската ракометна федерација (ЕХФ) покрена дисциплинска постапка против хрватскиот селектор Лино Червар поради неспортскиот потег кој го направи на мечот со Белорусија.

Червар на мечот против Белорусија при резултат 24:23 и напад за противникот, со раце го задржа противничкиот ракометар, Артур Карвацки.

Таквиот негов потег предизвика голем скандал. Белорусија се жалеше, а ЕХФ денес потврди дека е покрената дисциплинска постапка против селекторот на Хрватска.

Тие ќе ги прегледаат детално сите снимки, а потоа ќе биде донесена конечна одлука за евентуална суспензија.