Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Титовата јахта Галеб, која некогаш беше место на големи геополитички одлуки и угостуваше гламурозни ѕвезди, ќе продолжи да „живее“ како музеј на вода.
Галеб беше југословенска икона на комунистичкиот претседател која ја посетија Елизабет Тејлор, Софи Лорен и бројни шефови на држави. После смртта на Тито во 1980 година неговата јахта беше препуштена на милоста на времето. Сега градот Ријека ја купи и планира да ја претвори во брод – музеј.
„Бродот со таква историја би можело да биде одлична атракција“, уверено изјавува градоначалникот Војо Оберсел.
Турбулента историја на бродот
Додека обожавателите ја пофалуваат улогата на Тито во борбата против нацистите и зголемувањето на глобалниот профит на Југославија, противниците ја осудуваат неговата комунистичка власт. Хрватските конзервативци, се се погласни последните години и се почесто ја поврзуваат со доминацијата на Белград во бившата држава.
„Целта е да се разговара за историјата на Југославија и Хрватска, како и многу турбулентното минато на бродот“.
Бродот изграден во 1938 година во Џенова, Италија на почетокот се викал „Рамб III“ и служел за превоз на банани од Африка. Во втората светска војна е погоден со торпедо, а потоа Германците го заплениле. Бродот го потопиле сојузните сили во бомбандирањето на Ријека во 1944 година.
Бродот долг 117 метри е изваден и после војната станува службена јахта на Тито. Исто така тој бил познат и по името Брод на мирот, а глобално привлекува внимание во 1953 година. Тогаш Тито пловел низ Темза во Лондон за да го запознае Винстон Черчил, тоа беше и прва посета на шеф на комунистичка држава во Британија.
„На бродот навистина се одржани најважните разговори за некои политички проекти“, вели Кристина Павец од градскиот музеј во Ријека.
Прашина и рѓа
Гедајќи го денес рѓосаниот Галеб тешко е да се замисли како по неговата палуба шетале шефовите на држави и холивудските ѕвезди. Столиците со прашина се расфрлани околу главниот ходник, а во корпите се собира вода која тече низ ниските ходници. Некои од столбовите изгледаат како да се пред распаѓање. Повеѓу добро зачуваните делови се кабината на Тито и Јованка.
„Целиот ентериер е оригинален и ќе пробаме да го задржиме во изворната состојба, со цел да ја претставиме реалната слика на бродот“, вели Павец.
Градот планира да вложи 5,4 милиони евра од ЕУ фондови за обнова на Галеб како музеј на вода.