Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овде не се работи само за пари, туку за општ успех. Повеќето од нас пријателите ги бираат според емоции, интереси, хоби, ставови и слично. Но дали знаевте дека успешните луѓе пријателите ги бираат поинаку?
Томас Корлеј во својата книга тврди дека една од најважните одлики на успешните и финанскиски потковани луѓе е оттргнување од наклонетоста пријателите да се бираат според емоција.
Успешните луѓе пријателите ги бираат поинаку
Истражувањето е спроведено на 177 милионери кои своето богатство го создале самите. Се дошло до заклучок дека тие луѓе намерно запознаваат и формираат пријателства со успешни луѓе, она кон што се стремат и тие.
Според тврдењата на Корлеј, луѓето обично несвесно ги бираат пријателите или партнерите, односно врз база на емоција. На крај сето паѓа на наша одлука. Дали ќе се дружиме со инспиративни и успешни луѓе или несвесно ќе создаваме пријателства.
Карактеристично за успешните луѓе, кои секогаш може да не мотивираат се:
- добри навики
- позитивна ментална перспектива
- доверливост
- знаат да ги мотивираат другите
- верност
- финансиска стабилност
- добра работна етика
- тие се одговорни личности
- имаат цврста волја
- дисциплинирани
- ентузијазам
- благодарни се
Кога ќе се насочиме кон тие квалитети, нормално дека и опкружувањето околу нас ќе се измени. Затоа промената мора да ја започнеме од самите себе, па да продолжиме со промена на средината која не опкружува.