Кејт Мидлтон повторно ја рециклира облеката!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иако може да си дозволи се што ќе посака, Кејт Мидлтон често го повторува аутфитот и некои парчина ги носи со години, а таков е капутот кој го носи на своето последно службено појавување во јавноста.

Се работи за труднички капут од британската модна куќа Малбери од нивната зимска колекција за 2014 година, кога Кејт го носеше прв пат.

Тогаш беше бремена со принцезата Шарлота, а иако неговата цена беше 1500 фунти, веднаш штом Кајт излезе со него, капутот се распродаде.

Таа во текот на оваа бременост неколку пати го повторува аутфитот, поради што можеме да забелеќеме дека третото дете било веќе во план, инаку зошто би го зачувала?