Тасевски се огласи: Згрозен сум од неговата подмолност и измамност да не се држи до темата која ја договоривме!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Актерот и директор на Драмски театар Скопје, Сашо Тасевски имаше жестоко интервју со Васко Ефтов кое го прекина по околу 40 минути разговор.

„Преќутев, не зашто немав што да му кажам, туку зашто не сакав да се спуштам на неговото пиљарско ниво, зашто не сакав со некоја неконтролирана изјава или потег да му нанесам штета на театарот кој го управувам. Оти не сум сам во таа приказна. Затоа станав без збор. И уште нешто…Згрозен сум од неговата подмолност и измамност да не се држи до темата која ја договоривме, туку да се занимава со мене со цел да ме искомпромитира. Моите ставови секогаш биле конзистентни и јасни. Само тој не ме викна за муабет во емисијата, туку да ме натера да реагирам неумесно“ вели Тасевски.

Тој наведува дека некој смислено го избрал за таа цел, а тоа можело да се види и по омразата на оние кои го плукаат и физички му се закануваат.

Видео каде што Тасевски го напушта интервјуто:


Видео: Македонија денес