Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На Реал Мадрид не му оди најдобро на терените, а Роналдо повторно сака да го напушти „Сантиаго Бернабеу“, ова е „бомбата“ која денес ја пренесе мадридскиот весник „АС“ на својата насловна страна.
Еминентниот весник „АС“, кој е секогаш добро информиран за случувањата во Реал Мадрид, тврди дека Роналдо сака да си замине и дека е лут на Флорентино Перез, бидејќи претседателот не го исполнил ветувањето.
Наводно, Перез му ветил на Кристиано по голема плата, откако „кралевите“ триумфираа во Лигата на шампиони минатото лето.
„Кристиано е силно повреден, бидејќи се чувствува измамен“, тврдат извори блиски до фудбалерот за „АС“.
Меси со новиот договор во Барселона заработува помеѓу 40 и 50 милиони евра годишно, што е двојно повеќе од платата на Роналдо во Реал. Тоа е доволна причина Португалецот повторно да не се чувствува среќен во Мадрид, особено кога знае дека Нејмар во ПСЖ заработува 36 милиони евра по сезона.
Весникот тврди дека Перез не е спремен да ги задоволи и овој пат барањата на Роналдо и е спремен да се раздели со најголемата ѕвезда на лето, особено поради фактот што во Нејмар гледаат идеален наследник.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид е спремен да го испрати Роналдо во Париз и да плати додатни 150 милиони евра за потписот на Нејмар.
Cadena SER:
▪️ Real Madrid will do everything in their power to sign Neymar next summer
▪️ Los Blancos will wait for the end of the World Cup in Russia to start the operation and would be willing to include Cristiano Ronaldo in the operation. pic.twitter.com/nrEEwXVu9X
— RMadrid Edition (@RMadridEdition) January 14, 2018