Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Адвокатот Мирослав Вујиќ е избран за нов член на одборот на директори на Македонски телеком АД Скопје. Тој доаѓа на местото од Анета Симеска Димеска од функцијата неизвршен член на Одборот на директори.
На нејзино место е назначен Мирослав Вујиќ кој исто така ќе биде неизвршен член на Одборот на директори со мандат кој му започнал вчера, на 10 јануари 2018 година.
Со Собранието на друштвото претседавала Тања Чачарова-Илиевска која е новиот владин претставник во Македонски Телеком на местото на разрешениот Драги Рашковски кој останува генерален секретар на Владата на Република Македонија.
Мирослав Вујиќ е познат како адвокат на СДСМ. Беше ангажиран во повеќе случаи каде што како обвинети се јавуваа високи членови на оваа партија, а во судските спорови го застапува и актуелниот премиер Зоран Заев.