Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ имаше среќа на денешната ждрепка за Австралија Oпен и успеа да ги избегне во раната фаза од турнирот големите ривали Рафаел Надал и Роџер Федерер.
Србинот, кој е 14-ти носител, со Шпанецот може да се сретнe само во финалето, додека евентуална пресметка со Швајцарецот е можна само во полуфиналето.
Првиот носител, Надал, турнирот ќе го отвори против ветеранот Естреља Бургос, а на неговиот пат се наоѓаат Леонардо Мајер, Дамир Џумхур, Џон Изнер и Марин Чилиќ.
Бранителот на титулата, вториот носител Роџер Федерер, во првото коло ќе игра против Аљаж Бедене, во второто коло најверојатно ќе го чека Германецот Штруф, а прв од носителите на неговиот пат може да биде Ришар Гаске. Во осмина-финалето можни противници на Швајцарецот се Раониќ или Квери, потенцијален ривал во четврт-финалето му е Давид Гофан, но во овој дел од костурот се наоѓаат и Дел Потро, односно Бердих и Фоњини.
Ѓоковиќ во првото коло за противник го доби Американецот Доналд Јанг, во второто коло најверојатно ќе игра против Гаел Монфилс, а потенцијален ривал во третата рунда му е Алберт Рамос.