Погледнете ги симптомите кои укажуваат на тоа дека имате сериозен недостаток од секс


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Некои од овие знаци се многу приметни, но некои се потполно неочекувани.

Кога некој е со лошо расположение, многупати се случува да се зафркаваме со тоа дека во животот му недостасува малку интима и барем на момент да заборави на проблемите. Но, изгледа дека таквото решение „држи вода“. Познато е дека недостатокот на секс предизвикува раздразливост и нервоза, а има и уште некои работи кои може да се резултат на тоа. Според следните симптоми, може да препознаете кога некој има недостаток од секс.

Умор

На поединци на кои им недостасува секс често патат од несоница, затоа наутро може да бидат поспани и цел ден се уморни. А зошто на оние кои редовно имаат односи им е подобро? Причината за тоа е многу важен хормон, кој кај жените делува на биолошкиот часовник, а се лачи за време на оргазам.

Привремоно стареење

Сексот е заслужен и за лачењето на кологен, кој пак е задолжен за одржување на кожата млада и здрава. Заради недостаток на колаген кожата би можела да изгледа постаро од тоа што навистина е.

Останати проблеми со кожата

Акните и другите кожни проблеми не се страни за личностите на кои им недостасува секс. А посебно на жените со недостаток на прогестерон кој за време на секс се лачи. Тоа е хормон кој е задолжен за одржување на нашата кожа.

Раздразливост и нервоза

Прва по ред психичка последица од недостаток на секс е зголемена нервоза и раздразливост, која е многу приметна во однесувањето спрема другите луѓе.

Помал отпор на болка

Окситоцин, кој се лачи за време на секс, делува и како природен лек против болки. А кај личностите кои патат од недостаток на секс, отпорноста на болка е знатно намалена.

Слаб имунитет

Сексот може да ја поправи состојбата во нашиот организам и да го зголеми бројот на антивирусни тела и до 30%.

Незадоволство од сопствениот изглед

Кај личностите кои имаат недостаток на сексуални искуства, често се јавува проблем со самодовербата. Затоа често не се задоволни од сопестевениот изглед и сопственото тело, и непрестано се преиспитуваат.