Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Писмата кои ги добива британската колумнистка Суна секој ден се се повеќе луди. Овој пат и се јавува жена која спиела со дечкото од својата ќерка, а се започнало откако што го затекнала каде што се самозадоволува на нејзината долна облека.
Ова писмо е толку живопосино што би била штета да не се пренесе во целост.
„Драга Деидре, се сексам со дечко кој е многу помлад од мене. Сексот е неверојатен, но не е вреден за кривицата која ја чувствувам.
Тој беше дечко на мојата ќерка, но повеќе не е. Имам 46 години и разведена сум. Имам добра работа и убав дом. Имам исполнет социјален живот со многу пријатели на мои години. Ми недостига само љубов. Имаше многу мажи околу мене, водам грижа за својот изглед и често сакам да ги привлечам мажите.
Голем е проблем што не забележувам ниту ме привлекуваат мажи на мои години. Мора да бидат многу помлади од мене.
Имав многу афери со млади момци, но тие губат интерес штом го добијат тоа што го сакаат од мене. Сите се исти и јасно им е да работите не функционираат помеѓу нас поради генерацискиот проблем. Сите освен еден.
Мојата ќерка живееше со мене во тоа време. Има 22 години и се врати откако дипломира. Нејзиниот дечко е една година постар, многу е згоден и ми беше мило поради неа.
Еден ден се вратив од работа порано и го најдов во својата соба како се самозадоволува со мојата долна облека од корпата за валкана облека. Требаше да го исфрлам надвор, но наместо тоа го заведив и му покажав што знае една постара жена.
Продолживме да се сексаме, а и двајцата бевме свесни дека си играме со оган. Се занесовме, се додека мојата ќерка не не фати заедно.
Побегна со плачење и се пресели кај нејзината пријателка. Нејзиниот поранешен дечко и понатаму живее со мене и е лудо заљубен. Сексот е одличен, но јас знам дека е премлад за мене не е се уште зрел. Ќерката се заколна дека повеќе нема да разговара со мене. Не ја обвинувам, но секој ден ме мачи грижата на совест.
Деидре и одговори:
„Викате дека ве мачи грижа на совест, па зошто не му кажете да си оди? Сигурно ви е јасно дека додека е тој тука, вие сигурно нема да се смирите со ќерката. Како може еден секс со толку млад дечко да ви е поважен од односот со вашата ќерка? Мислам дека постои и приказна која не сте ја презентирале. Дали сте доживеале траума која влијае на вашите одлуки? Дали сте размислиле за советување со доктор? Во меѓувреме, кажете и на ќерката дека ви е жал и ставете крај на таа врска“.