Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На друштвените мрежи се појавија кодови за Samsung Galaxy, со напомена дека што и да правите со нив, тоа е на ваша одговорност.
Овие кодови се наменети за искусни корисници, но сите нема да работат на сите Samsung уреди. Следат во продолжение кодовите:
*#06#
Овој код е универзален и би требало да работи на сите смартфони, независно од производителот. Тој покажува IMEI на вашиот телефон. Во превод тоа е идентитетот односно единствен број на вашиот уред. Кодот не би требало да го споделувате со секого.
*#07#
Ова е уште еден универзален код, кој би требало да работи на скоро сите паметни утреди. Овој код покажува SAR – односно количина на информации кој може да се обработат на вашиот уред.
*#0*#
Ова е многу интересен и поприлично корисен код кој е резервиран само за Samsung уредите. Овој код дозволува дополнително тестирање на диспејот, хардверот или било што на уредот.
Овој код најчесто се користи од страна на сервисерите на мобилни уреди, со него се врши брзо тестирање. Може да тестирате камера, вибрации, допир, звучници и слично.
*#1111#
Со помош на овој код може да ја дознаете верзијата на оперативен софтвер, кој е инсталиран на вашиот Samsung Galaxy уред.
*#2222#
Овој код може да се користи ако сакате да дознаете која верзија на хардвер се наоѓа на вашиот уред.
*1234#
Ваквиот код покажува PDA како и информации за софтверот, како што се информации за AP, CP и CSC верзиите.
*#12580*369#
Со внесување на овој код може да направите увид на хардверот кој се наоѓа во вашиот уред.
*#7353#
Ова е уште еден многу корисен код кој може да ви помогне при испробување на рзлични работи на мобилниот уред. Со него може да проверите вибрации, камера, звук и останати функции.
*#0011#
GSM мрежите статусот на регистрирање, може да ги проверите со внес на овој код.
*#0228#
Овој код може да ви прикаже информаии за волтажата на вашиот уред т.е батеријата, температурата и слично.
*#0283#
Со овој код може да наместите поставки кои се однесуваат на повратни јамнки.
*#9090#
Овој код ви отвора многу можности и контроли поврзани со тестирање и контрола на работната меморија.
*#7412365*
Со внесување на овој код добивате информации поврзани за тоа кој софтвер и која верзија е инсталирана на вашиот уред.
*#0808#
Овој код може да се користи за подесување на USB поставките на вашиот уред. Доколку не сте запознаени добро со овие подесувања, подобро не ги менувајте.
*#9900#
Со помош на овој код може да влезите подлабоко во системот, и да менувате поставки како што се брзина на мрежно поврзување и слично.
*#22558463#
Овој код ссе користи доколку сакате да го ресетирате вкупното време на разговор.
#7465625*638*#
Овде се работи за прилично напреден код кој на корисниците им овозможува добивање на клуч за мрежна безбедност. Не го впишувајте овој код доколку не сте сигурни што се може да постигнете. Во спротивно може да го зафркните вашиот мобилен уред.