Вардар се засили со тројца фудбалери од Пелистер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонскиот шампион Вардар пред почетокот на зимските подготовки, се засили со тројца нови фудбалери.

„Црвено-црните“ денеска соопштија дека досегашни фудбалери на Пелистер, Кристијан Тошевски, Јован Попзлатанов и Матеј Цветаноски потпишаа тригодишни договори со Вардар.

23-годишниот Тошевски игра на позиција десен бек. Тој во неколкуте квалификациски натпревари беше и стандарден член на македонската репрезентација, за која има четири настапи.

21-годишниот Попзлатанов игра на позиција десно крило, но може да игра и како десен бек. Тој е актуелен младински репрезентативец на Македонија.

Матеј Цветановски има само 20 години и се очекува во иднина заедно со Тошевски и Попзлатанов да биде еден од носителите на играта на Вардар.