Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Индија последниве години го држи рекордот по број на смртни случаи на лица кои се обидувале да направат селфи.
Сè попопуларен тренд во источната индиска држава Ориса е правење селфи фотки со диви слонови. Овој тренд доведе до зголемување на бројот на забележани напади од страна на слоновите, па дури и смртни случаи кај луѓето, пренесува ВВС.
Еден таков смртен случај се случи кога еден слон залута во едно село, а голем број луѓе се собраа околу животното и почнаа да се фотографираат. Вознемиреното животно дофати едно момче со својата сурла, го фрли на земја и го усмрти.
Сличен напад се случи во септември минатата година, кога едне слон уби припадник на обезбедувањето кој му се приближил сакајќи да направи селфи со животното. Освен тоа, забележани се бројни случаи кога животните им задале сериозни повреди на луѓето кои сакале да мавнат селфи со нив.
„Има доста случаи на напади од слонови, но за нив се знае многу малку“, вели за ВВС експертот за животни Бисваџит Моханти.
Владата на Ориса почна сериозно да се занимава со овој тренд, а како што беше кажано за ВВС, во план се да организираат и вежби и кампањи за да се подигне свеста од опасноста при приближување на дивите животни.
Според официјалните податоци, 60 лица загинале при напад на слонови, но не се сите поврзани со правење селфи.
Како што се наведува во извештаите, слоновите излегуваат од шумите и се приближуваат до населените места најверојатно поради недостаток на храна. Според истражувањето на Универзитетот Карнеги Мелоун, Индија во последните години го држи рекордот по број на смртни случаи на лица кои се обиделе да направат селфи фотографии.