„Специјалниот“ го нокаутира Конте: Јас никогаш не сум местел натпревари!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Студената „војна“ помеѓу Антонио Конте и Жозе Мурињо продолжува, но овој пат „Специјалниот“ спреми брутален одговор за Италијанецот.

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо го започна циклусот препукувања со изјавата од пред два дена во која истакна дека тоа што не изиграва кловн покрај аут-линијата не значи дека ја загубил страста за фудбалот.

На тоа веднаш одговори Конте кој истакна дека Мурињо почнал да заборава дека и тој го прави истото, па го нарече „сенилен старец“.

На пресконференцијата по натпреварот од ФА Купот против Дерби Каунти, Мурињо го зададе завршниот удар и го нокаутира Италијанецот.

„Мислам дека новинарите треба да ми се извинат мене и на менаџерот на Челзи. Никогаш не го споменав и никогаш не помислив на него кога реков дека не морам да бидам кловн, за да ја имам истата пасија како порано. Едноставно поинаку ги изнеасувам моите емоции, сега кога сум повозрасен. Но, не го обвинувам менаџерот на Челзи, бидејќи нему му пренесоа погрешно и реагираше надвор од контрола. Не кријам дека сум се радувал трчајќи 50 метри, сум се радувал на коленици, сум правел грешки, ќе ги правам и во иднина. Но, никогаш не су бил обвинет за местење на натпревари. Никогаш нема ни да бидам“, изјави Мурињо.

Антонио Конте во 2012 година беше суспендиран на 6 месеци, поради наводна вмешаност во местење натпревари додека бил тренер на Сиена.