Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На луѓето им е незгодно да зборуваат за секс, многу млади, па дури и постари знаењето го влечат исклучиво од порничи. Тоа не е најдобро решение, затоа што на порно филмовите може да се види се и сешто. Тие се доста агресивни и одделени од стварноста.
Свршување на лице
После гледање на порно се чини дека свршувањето било каде освен во вагина и анус е нормално. Но во стварност, има голема разлика, на пример, ако спермата заврши во нејзиното око, би можело да ја печи наредните 24 часа. Па затоа ако не ви е специфично напоменато тоа, не го правете.
Груб секс
Без оглед на тоа колку пати сте го гледале „50 нијанси на сиво“, правете ги тие работи само доколу партнерката тоа ви го бара. Значи, трака преку лице, гушење, удирање или агресивно набивање се дозволени само доколу двете страни се согласуваат. Ако се одлучите за таква врста на секс, договорете се пред тоа.
Анален секс
Денес тоа и не е толку табу тема, колку што беше пред 10 години, но тоа е нешто што поголем број Американци не го испробале. Постојат многу сведоштва за неугодност при ваков секс. Анален секс со личност која не ви дала јасно одобрение за тоа не е секси, туку силување.
Вадење на кондомот
Ако сте се договориле дека ќе се сексате со кондом, тогаш користете го до крај. Ако мора да го извадите поради нелагодност или заплеткани влакненца, направете го тоа после престанувањето со чинот. Во ни еден момент носењето на кондомот не зависи од само еден партнер.
Врзување
Многу луѓе сакаат врзување за кревети со шалови, лисици или јаже, но како и сите на оваа листа, мора да биде во согласност од двата партнери. Ако вие сте слабата страна, и сте врзани, може да го имате најзастрашувачкото искуство, а не да биде секси. Затоа пред да го направите тоа, поставете прашање и договорете се.