Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Министерот за безбедност на БиХ, Драган Мектиќ изјави дека има сигурни информации за тоа дека Светлана Цеца Ражнатовиќ, освен што е донесена со хеликоптер во Бања Лука каде што настапуваше за Нова година, преспала во ВИП апартман во зградата на Владата на Република Српска.
Гостувањето на српската ѕвезда Цеца во Бања Лука на дочекот за Нова година, многу ги воодушевила, а најпосле ги разлутило бидеки пејачката од Белград во Бања Лука е транспортирана на нивни трошок, со владиниот хеликоптер кој го пратил претседателот на Репубика Српска, Милорад Додик.
Но скандалот со гостувањето од Цеца не завршува тука. Министерот за безбеднсот, Драган Мектиќ, изјави дека Цеца спиела во зградата на владата од Република Српска.
„Таа тезгари по кафани за големи пари“ изјави Мектиќ.
„Цеца не само што е возена со владиниот хеликоптер, а дошла на приватна забава во која зела 100.000 евра, туку имала и ВИП статус во Бања Лука. Спиеше како ВИП особа во посебен апартман во зградата на Владата“ рече Мектиќ.
Драган кажува дека него никогаш не би му дозволиле да влезе во тој апартман од Владата.