Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Да не е нејзиниот официјален Инстаграм профил во прашање, веројатно нема никој да поверува дека на овие фотографии е една од најголемите порно диви во историјата на порнографската индустрија.
Џена Џејмисон веќе воопшто не личи на онаа која ја знаеме од филмовите за возрасни – порно ѕвездата по која воздивнуваше и старо и младо.
Денес е мајка на три деца, а нејзиниот физички изглед е далеку од оној на кој се навикна публиката и нејзината армија обожаватели. Џена денес има црвена коса, линија на телото далеку од совршена, а ботоксот и „филерите“ целосно го измениле нејзиниот лик.
Но, најважно од сè е што таа, сепак, изгледа среќна. Во 2015 година конвертираше во еврејската религија поради својот нов партнер, со кој минатата година ја добија ќерката Бател. Денес, нејзиниот Инстаграм профил е полн со фотки од малото девојче, а од разголените кадри нема ни трага.