Само таа може вака да ги спои романтичното и сексапилот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Израелската убавица која светската слава ја стекна со улогата на Wonder Woman во два дена привлече неверојатно внимание со два доста впечатливи модни избори со префинетост и висок вкус за стил.

Во Палм Спрингс моментално се одржува тамошниот филмски фестивал, а една од поканетите гости е прекрасната актерка и бивша манекенка Гал Гадот.

Првата вечер таа се појави во долг, жолт фустан со заводливо провокативни засеци кои истовремено го одржуваа и нивото на пристоен изглед. Следната вечер се појави во розов костим кој едноставно една жена треба да знае да го носи за да го извлече максимумот во својот изглед со истиот.

Станува збор за дело на дизајнерот Оскар де ла Рента, од колекцијата пролет/лето 2018 година.

Гал импресира со тоа како умее да изгледа секси и истовремено романтично заводливо, комбинирајќи „вкусни“ модни дизајни.