Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Роберт Просинечки е нов селектор на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, потврди денес фудбалскиот сојуз на БиХ.
Изборот за нов селектор на БиХ траше неколку месеци и се споменуваа неколку еминентни имиња, а Фудбалскиот сојуз денес и официјално го именуваше Просинечки за нов селектор.
Хрватскиот стратег ќе го наследи Мехмед Баждаревиќ, а главна цел секако ќе биде да ја однесе репрезентацијата на Европско првенство.
Босанските медиуми пренесуваат дека Просинечки месечно ќе заработува 15.000 евра, а во случај на пласман на Европско првенство ќе добие бонус од 300.000 евра.